Претходна статија
Нови објекти тајно ќе никнат на Водно во делот на Општина Карпош
Следна статија
Жителите на Тафталиџе 1 со нова акција против уништувањето на паркот

Индустриската зона во Визбегово функционира без инфраструктура

Објавено на 30.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Странските инвеститори во новите технолошко – индустриски зони добиваат целокупна инфраструктура за развој на нивниот бизнис во земјава. За разлика од нив, македонските стопанственици од индустриската зона во Визбегово со години работат без основната инфраструктура. Во неколку наврати досега тие ги алармираа властите дека немаат патишта, водовод и канализација на локација што се наоѓа на само неколку километри од центарот на Скопје. „Ние да ги добиеме основните услови. Да не функционираме со септички јами и вода од бунари. Ние функционираме како во село. А, објектот пред бунарот и септичката јама е вреден милиони евра“ вели Неџат Шаини, претседател на Здружението на стопанственици на индустриската зона во Визбегово.

 

Поради катастрофалните услови за работа, компаниите велат дека индустриската зона станува неатрактивна за вложување на нови инвестиции. Пред неколку години се граделе по 15 до 20 индустриски објекти годишно, а во моментов едвај две компании градат свои капацитети. Тие бараат од локалните власти, но и од Градот Скопје, да ги донесат потребните урбанистички документи, по што очекуваат и инвестиции од нивна страна за средување на инфраструктурните објекти. Стопанствениците од оваа индустриска зона велат дека на локацитетот во Визбегово егзистираат околу 190 компании, кои имаат значаен удел во севкупното производство на Република Македонија.