Претходна статија
Започнува втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје
Следна статија
Тендерот за проект за гасификација на Битола поништен уште пред да се отворат понудите

„ИН-ПУМА“ ќе го изготви новиот ГУП за Богданци

Објавено на 19.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Богданци ја избра фирмата „ИН-ПУМА“ од Скопје за изработка на новиот Генерален урбанистички план за ова населено место. Планот треба да опфати површина од 388 хектари и да се изготви во рок од 10 месеци. Според информациите објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, избраната фирма понудила најниска цена на распишаниот тендер и ја добила зделката во конкуренција на две пристигнати понуди. За изработка на новиот ГУП за Богданци се издвоени над 930.000 денари од општинскиот буџет.

 

ГУП-от за Богданци ќе биде изработен најдоцна до почетокот на 2019 година. Тендерот за избор на проектантско биро за подготовка на неопходната документација беше објавен кон крајот на февруари годинава.