Претходна статија
Основните училишта во Аеродром за една година ќе добијат реконструирани спортски сали
Следна статија
Ќе се проектира експресен пат помеѓу Штип и Струмица

Идејното решение за новиот објект на НБРМ изработено за еден месец?

Објавено на 28.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЛОУ ТЕК“ од Скопје е најповолниот понудувач за изработка на идејниот проект, основниот проект и на другата проектна документација, ревизијата на комплетната документација и проектантскиот надзор за новиот административен објект на Народната банка на Македонија кој треба да се гради за просторот помеѓу МНР и МОБ. Договорот во вредност од 10.030.000 денари е склучен на 17 април годинава, а архитектонските услуги компанијата треба да ги заврши во рок од седум месеци. Останува нејасно како е можно идејниот проект да биде изготвен за период од само еден месец и притоа истиот да биде вклучен во новата туристичка мапа на Град Скопје. Контрадикторностите за тоа од каде потекнува идејниот проект произлегоа од вчерашното објавување на договорот на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки. Во него се наведува дека договорен орган за изработка на идејниот проект е НБРМ.

 

 

 

 

Од монетарната власт во изјава за телевизија „Алфа“ пред неколку дена наведоа дека архитектонскиот труд за новиот објект го добиле заедно со локацијата од Министерството за транспорт и врски. „Идејното решение за нов објект на НБРМ објавено во туристичката мапа… не е официјално избрано од страна на НБРМ. НБРМ со локацијата има добиено идејно решение од Министерството за транспорт, од кое изготвувачот на идејниот проект… ќе примени и ќе проектира архитектонско фасадни елементи како фасадите на идејното решение“, нагласија од централната банка пред четири дена. Во меѓувреме, на парцелата на која треба да се гради идниот административен објект на НБРМ кај објектот на Македонската опера и балет започнаа геомеханичките истражни дупчења. Зданието со приземје, седум ката и поткровје ќе се простира на површина од 24.219 метри квадратни.