Претходна статија
„Лукоил“ отвори нова бензинска станица во Охрид
Следна статија
Македонските аеродроми имале 15% повеќе патници во изминатово лето

И во Кичево се отвори индустриска зона

Објавено на 12.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето, викендов во Кичево беше промовирана новата индустриска зона „Ивандол 2“.  На предвиденото земјиште веќе е започната изградба на фабрика за производство на ремчиња за рачни часовници и фабрика за преработка на сточна храна, а според информациите на локалните власти на 22 локации се градат погони на мали и средни претпријатија. Засега, се очекува во новата индустриска зона да се вработат 200 лица.

 

Градот Кичево се наоѓа на идеална локација за инвестирање во изградба на фабрики, сместен е долж патниот и железничкиот Коридор 8, а во моментов истиот е поврзан преку магистралниот пат М – 4 (Скопје – Охрид) и железничката пруга кон Скопје – Кичево.

 

Бојан Блажевски