Претходна статија
Намален бројот на предвидени станови за градење и во декември
Следна статија
Најавена обнова на споменикот „Македониум“ во Крушево

И во 2014 година ќе го градиме „Чебрен“ на хартија

Објавено на 07.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ХЕ ЧебренПо неколкумесечни најави и одложувања, повторно е објавен јавен повик за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Орлов Камен“. Министерството за животна средина и просторно планирање пред една недела публикувало оглас за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од планираните енергетски објекти на Црна Река. На заинтересираните компании им се нуди веќе изградената хидроелектрана „Тиквеш“, која би ја добиле во пакет со правото за дизајнирање, изградба, управување и одржување на ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Орлов Камен“. Концесискиот договор со идниот инвеститор би бил во траење од 52 години.

 

Проектот ќе биде доделен на онаа компанија која што на ЕЛЕМ ќе и понуди најголем процент на удел во идниот субјект што ќе управува со овие капацитети за производство на електрична енергија. Влогот на приватниот инвеститор не може да помал од 35 отсто, под услов да ги задоволи пропишаните критериуми во јавниот повик. Заинтересираните компании за учество на тендерот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 16 април годинава. Хидроелектраната „Чебрен“ е предвидено да има инсталиран капацитет од 333 мегавати.

 

За разлика од досегашните тендери, надлежното министерство се одлучи да ја исфрли хидроелектраната „Галиште“ во новообјавениот јавен повик. На нејзино место е внесена хидроелектрана „Орлов Камен“, која инвеститорот може да ја гради само доколку нејзината реализација не го попречи планираното подигање на ХЕ „Галиште“, кој е оставен за изведба во подалечна иднина. Проектите за искористување на водниот потенцијал на Црна Река потекнуваат уште од 60-тите години на минатиот век, при што последен во низата неуспешни обиди за нивната реализација беше минатогодишниот пропаднат тендер на кој немаше ниту една доставена понуда.