Претходна статија
Турски „Лимак“ купи уште една парцела кај старата железничка станица
Следна статија
Градот Скопје го оживува проектот за автоматизирано управување со собраќајот

И Струга ќе ги менува старите улични светилки со енергетски ефикасни

Објавено на 26.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Струшката компанија „Сити лајт“ го доби тендерот за замена на старото улично осветлување во Струга со нови, енергетски ефикасни светилки. Согласно договорот за концесионирање, на подрачјето на целата општина ќе бидат заменети околу 8.000 светилки. Проектот чини 370 милиони денари, односно околу 6 милиони евра и ќе се спроведува во период од 12 години. Прогнозите се дека со новото градско осветлување ќе се намали потрошувачката на електрична енергија и до 60%, а според условите на тендерот енергетски ефикасните светилки треба да имаат рок на траење од минимум 35.000 часа. Победничката компанија има обврска да го замени целокупното улично осветлување, по што започнува т.н. концесиски период. Во Македонија досега неколку градови започнаа со реализација на ваков обемен проект, а Штип е првата општина која во текот на минатата година целосно ги замени дотраените светилки со енергетски ефикасни.