Претходна статија
Граѓаните сами можат да ја пресметаат потрошувачката на енергија
Следна статија
Унгарски „Виалто“ повторно ќе го советува Град Скопје за трамвајот

И покрај судската одлука, италијанците остануваат концесионери на „Дрисла“

Објавено на 26.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на Град Скопје денеска повторно го избра италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“ и „Униеко“ како концесионер на депонијата „Дрисла“. И покрај најавите на второрангираната германска компанија „Шолц“ дека ќе бара отштета во висина од 84 милиони евра, мнозинството градски советници ја усвоија предложената одлука на градската управа. Советниците на опозициската СДСМ ја напуштија седницата на советот, откако не успеаја да издејствуваат симнување на оваа точка од дневниот ред. Со оваа одлука, Градот Скопје практично по втор пат потврди дека италијанците имаат најдобра понуда на меѓународниот тендер за избор на концесионер што би стопанисувал и би инвестирал во натамошниот развој на „Дрисла“.

 

извор: Дрисла ДОО

 

 

Денешното усвојување на предлогот на градската администрација доаѓа по пресудата на скопскиот Управен суд за поништување на договорот помеѓу Градот Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“ и „Униеко“. Ваквата пресуда беше донесена по поднесената тужба „Шолц“. Оваа компанија се закани дека ќе ја продолжи судската постапка и ќе бара отштета, која би можела да биде во висина на речиси целиот годишен буџет на Град Скопје. Доколку го добијат спорот, останува нејасно на кој начин градската управа ќе ги исплати бараните финансиски средства.

 

Италијанскиот конзорциум по втор пат ја добива под концесија скопската депонија „Дрисла“. Првиот договор беше потпишан на почетокот од јануари годинава. Партнерството е предвидено да трае 35 години, период во кој италијанците треба да вложат 74 милиони евра за современ третман на отпадот од главниот град.