Претходна статија
Владата најавува околу 100 милиони евра за македонските патишта во 2013 година
Следна статија
Старите фасади во Карпош ќе добијат нов лик

И компаниите ќе можат да ја искористат мерката за откуп на земјиштето

Објавено на 21.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Македонија постојат помеѓу 50 и 60 илјади стопански објекти кои во минатото се изградени без одобрение за градба. Најголемиот дел од нивните сопственици се решија да ги легализирираат подигнатите зданија, но проблемот со сопственоста на земјиштето продолжи да опстојува. Наместо да бидат евидентирани како узурпатори на државното земјиште, македонската влада со најновата мерка им овозможува на сопствениците да ги откупат парцелите на кои ги подигнале нивните објекти, по цена од 4 до 7 евра за метар квадратен. Стопанствениците ќе можат во своја полза да ја променат сопственоста и на 30 отсто од земјиштето во околината на објектот.

 

 

 

 

Во зависност од тоа за каков тип на градба се работи, висината на финансиските средства што треба да се одвојат за оваа намена е различна. Цената за откуп на земјиштето кај стопанските и комерцијалните објекти и станбените згради за метар квадратен изнесува 438 денари во првите пет зони во поголемите градови и 245 денари за метар квадратен во помалите градски средини. За куќите и за објектите каде што има јавен интерес цената изнесува едно евро за метар квадратен. Постапката за откуп на земјиштето ќе следува во финалната фаза од легализацијата на градбите.

 

Општините најнапред ќе треба да донесат акт со кој ќе потврдат дека објектот ќе го внесат во деталниот урбанистички план, во следната фаза следува решението за легализација, по што локалната власт има рок од шест години за да го внесе објектот во урбанистичкиот план. По неговото изгласување од локалниот совет, сопствениците ќе можат да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски за откуп на градежното земјиште. Со ваквата владина одлука трајно ќе се реши статусот на дивоизградените стопански објекти на територијата на целата држава.