Претходна статија
Со петиција и дружба жителите на Тафталиџе 1 ќе го бранат паркот
Следна статија
Авиосообраќајот го придвижува развојот на македонскиот транспорт

„Хубо маркет“ бара Општина Карпош да го промени ДУП-от

Објавено на 26.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од групацијата „Реплек“, која е сопственик на „Хубо маркет“ и на ресторанот „Ден и ноќ“, денеска излегоа со став дека околината во која функционира нивниот објект е претворена во градилиште, со што се нарушува нивното секојдневно функционирање. Од „Реплек“ бараат Општина Карпош да го промени ДУП-от за локацијата, да ги премести продадените парцели во тревниот дел од просторот, дополнувајќи дека за забелешките од компанијата им биле дадени на локалната самоуправа уште при донесувањето на урбанистичкиот план.

 

 

 

„Околината е претворена во градилиште. Нарушено е нормалното функционирање на објектот. Поточно кружниот тек околу него е затворен, оневозможен е дотурот на стока и нарушена е безбедноста на објектот“, посочува Слободан Марковски, управител на „Реплек“ и „Хубо ДОО“. Околината на овој објект ќе биде дополнета со десетина нови објекти, кои ќе го затворат од сите четири страни постоечкиот маркет и ресторан. На околниот простор треба да се гради катна гаража, трговски центри, административен простор и изложбен салон. Од „Реплек“ укажуваат дека и понатаму постои законска можност за промена на урбанистичкиот план.

 

Локалните власти денеска излегоа со реакција на тврдењата на „Реплек“. Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски тврди дека градежното земјиште околу „Хубо маркет“ е продадено на транспарентен начин, со јавна лицитација, на која и „Хубо маркет“ купил една парцела. Јакимовски напоменува дека сега е невозможно да им се даде друго земјиште на сопствениците на околниот простор кои ги купиле парцелите на јавна лицитација. „Во исто време, овие сопственици на земјиштата, имаат законска обврска во одреден рок да почнат и во одреден рок да ги завршат своите објекти“, истакна градоначалникот Јакимовски.

 

Од Општина Карпош информираат дека „Реплек“ ја добил можноста да ја зголеми површината на градба и катноста на веќе изградениот објект. Дозволената висина на објектите кои ќе се градат на останатите парцели е 14 метри.