Во дебарското село Гари денеска беше поставен камен-темелник за изградба на фабрика за полнење на вода, заедничка инвестиција на хрватската компанија „Мали Лошињ“ и домашната „МЛ-Гари“. На свеченоста на која присуствуваа неколку министри од македонската влада беше истакнато дека во овој индустриски погон ќе се вложат над шест милиони евра. Објектот ќе биде со површина од 2.200 метри квадратни, ќе се состои од производствен и магацински дел, управна зграда, лабораторија, кантина и други содржини. Годишниот капацитет за производство на флаширана вода ќе изнесува над 100 милиони литри. Фабриката ќе биде лоцирана на пет километри пред селото Гари, покрај регионалниот пат Бошков мост – Извор.
*Идната фабрика за флаширана вода ќе се наоѓа пет километри пред селото Гари
Со последните измени на Законот за минерални суровини и подзаконските акти, Министерството за економија го зголеми бројот на издадени концесии за минерални суровини за над 20 отсто, додека во сегментот на концесии за води има издадено 17 концесии од почетокот на 2013 година.