Претходна статија
Голема трампа на деловни објекти во центарот на Скопје
Следна статија
Првиот двокатен автобус почнува со редовна служба во ЈСП

Холанѓани сакаат да градат марина во Охрид

Објавено на 15.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Охрид наскоро би можел да добие марина и нови автокампови. Претставници на холандската компанија „Resort Marina Oolderhuuske“ ја искажаа својата заинтересираност за градба на неодамна одржаната средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Како што пренесува интернет – порталот на Општина Охрид, холанѓаните се интересирале за погодни локации за изградба на марина и на специфични платформи за монтажни куќи и автокампови. Претставниците на холандската фирма биле посебно заинтересирани за неколку локации во Охрид, во близина на Студенчишки канал и потегот од Младинскиот центар до автокампот Андон Дуков.

 

Бојан Блажевски