Претходна статија
Владејачкото мнозинство предлага измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање
Следна статија
Исцрпени се субвенциите за купување велосипед во општина Карпош

Холандската компанија „Антура“ отвори нов производствен погон во Кочани

Објавено на 07.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Холандската компанија за производство и пласман на цвеќе „Антура“ викендов отвори нов производствен погон во Кочани. Во проектот се инвестирани 9 милиони евра и фабриката ќе обезбеди вработување на дополнителни 250 лица. Производството на оваа фабрика е наменето за извоз, а во погонот е вградена софистицирана технологија за производство. „Инвестиционата поддршка којашто Владата ја прави за сите економски оператори во Република Македонија ја преточивме во закон и Антура МК ќе биде една од првите компании корисници на поволности од овој закон“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев при пуштањето во употреба на оваа фабрика.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Овој холандски инвеститор е присутен во нашата земја уште од 2015 година. Неговата првична инвестиција изнесуваше 6 милиони евра, која што со отворањето на најновиот производствен погон се искачи на вкупно 15 милиони евра.