Претходна статија
Осум месеци ќе се санира мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
Следна статија
Втора фаза од проширувањето на булеварот „Партизански одреди“

Хибридните возила ќе добијат предност во центарот на Скопје

Објавено на 16.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ј.П. Паркинзи на општина Центар во текот на 2016 година ќе им овозможи низа поволности на сопствениците на хибридни возила во македонската метропола. Оние лица што имаат електрично или хибридно возило ќе можат бесплатно да се паркираат на сите отворени јавни паркиралишта со кои стопанисува ова јавно претпријатие, во паркинг секторот означен за хибридни возила. Во соработка со Општина Центар, на јавните паркиралишта ќе се постават постројки за напојување на возилата, со што ќе се овозможи нивно непречено користење.

 

 

 

„Во наредниот период ќе се одвојат средства од буџетот на Општина Центар како и од Паркинзи на општина Центар токму за овие возила кои се еколошки, ја штитат околината и не го загадуваат воздухот. Во Македонија индексот на загаденост на воздухот секојдневно е сè поалармантен и целта е да се подигне свеста и да се даде приоритет на тие возила“, се наведува во денешното соопштение на Паркинзи на општина Центар.