Претходна статија
Автопатот Демир Капија - Смоквица заглави во лавиринтите на Министерството за финансии
Следна статија
„Адора Инженеринг“ го заврши станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид

ХЕ „Света Петка“ започна со работа

Објавено на 01.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потекоа првите киловат – часови од хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска. Денеска во присуство на премиерот Никола Груевски и генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, свечено беше ставен во функција овој нов енергетски капацитет, познат и под името „Матка 2“, во чија реализација беа вложени вкупно 75 милиони евра, обезбедени во поголем дел преку кредитно задолжување, а во помал дел од сопствени извори на претпријатието. Со новата хидроелектрана, електроенергетскиот систем во државава ја зголеми моќноста за 36,4 мегавати и се предвидува да се произведуваат дополнителни 66 гигават часови електрична енергија годишно.

 

ХЕ „Света Петка“ е лоцирана помеѓу хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ [»мапа] и заедно со нив сочинува каскада на реката Треска која покрај производство на електрична енергија, овозможува и регулирање на приливот на вода во Вардар. Акумулацијата при максимално ниво ќе покрива површина од 0,62 километри квадратни и ќе биде долга 11 километри. Нејзиниот вкупнен волумен ќе достигнува 9,1 милиони метри кубни вода, додека активниот волумен ќе изнесува 1,1 милион метар кубен.

 

 

Каскада на река Треска ХЕ Света Петка ХЕ Света Петка

 

 

Браната е висока 64 метри со должина на круната од 118 метри и волумен од 29.688 метри кубни, а нивото на круната се наоѓа на 364 метри надморска височина. Се работи за двојна лачна (засега единствена во Македонија), тенка бетонска брана изработена без арматура, од специјално произведен бетон со помош на цемент со посебни термички карактеристики и агрегат со специфичен гранулометриски состав.

 

ХЕ „Света Петка“ е дел од повеќенаменскиот хидросистем „Скопско поле“ – подсистем „Козјак – Матка“ и беше алката која недостасуваше за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. ХЕ „Света Петка“ ќе ги користи истечните води од ХЕ „Козјак“ и локалните води од сливот на Треска. Акумулацијата ќе овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕ „Козјак“.

 

Тешката пристапност на локацијата, како и ограниченоста на просторот за работа бараа примена на сложени и несекојдневни организациски и градежни техники. Во изградбата на овој значаен инфраструктурен објект беа директно вклучени околу 500 стручни кадри, воглавно од нашата држава. Главен изведувач беше словенечката компанија „Рико“, проектант српската „Енергопроект“, подизведувач на браната беше компанијата „Гранит“, а на машинската зграда скопски „Бетон“. Генераторите кои се производ на мултинационалната „Андриц ВА Тек Хидро“ (Andritz VA Tech Hydro) ќе ги придвижуваат две „Францис“ турбини, со моќност од по 18,2 мегавати, произведени во словенечки „Литострој“.

 

Ставањето во функција на ХЕ „Света Петка“ првично беше планирано за март 2009 година. Изградбата започна уште во февруари 2004 година кога „Мавровоинженеринг“ и „Бетон“ го пробија пристапниот пат, и ги изградија опточниот тунел и преливната шахта. „Рико“ стартуваше со својот дел од работите во јуни 2006 година, но изведбата доцнеше, а подоцна се појави и спор помеѓу ЕЛЕМ и словенечката фирма, при што и двете страни бараа обештетување од другата. Подебелиот крај го извлече ЕЛЕМ, кој после арбитражата и пребивањето на сумите, беше должен на Словенците да им плати дополнителни 9,7 милиони евра.

 

 

Галерија:

 

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

ХЕ Света ПеткаХЕ Света ПеткаХЕ Света Петка

 

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=E3nzJB9GSnY&rel=0&w=515]