Претходна статија
Цените на Катастарот пониски и до 90%
Следна статија
На поранешната министерка за култура ќе ѝ се суди за набавките за Музејот на ВМРО

Хабитат со проект за интегрирање на Ромите на пазарот на труд во градежниот сектор

Објавено на 26.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Хабитат Македонија, ДРОМ од Куманово и Креација од Скопје на завршната конференција за проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“, која се одржа денес во Скопје, ги претставија резултатите од проектот и го претставија развиениот модел за вработување на Ромите. Целта на проектот беше да придонесе кон одржливо интегрирање на Ромите на пазарот на трудот преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор, секторот за домување и енергетска ефикасност.

 

*Извор на фотографија: Хабитат Македонија

 

„Една од стратешките ориентации на Хабитат Македонија во тековниот деловен план е развој на пазарот во секторот домување. Во овој контекст, развојот на пазарот на работна сила е клучна компонента, особено имајќи ги предвид од една страна воведувањето на нови технологии и практики, а од друга страна миграциските трендови и одливот на лица со квалификации и вештини потребни во градежниот сектор“ изјави Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија.

 

Со проектот се создаде своевидна „мрежа за вработување“, која ги поврза градежните компании и потенцијалните работници од ромската заедница. Од јануари до декември 2017 година, реализирани се теоретски и практични обуки за вештини за градба за 80 учесници Роми, а сертифицирани се знаењата на 43 ромски работници. Во рамки на проектот, 122 учесници од кои 48 беа жени Ромки посетуваа и обуки за вештини за вработување и мотивација, беше креирана база на податоци со сертифицирани работници и потенцијални работодавци, а беа организирани и локални саеми за вработување во Куманово и Прилеп – се со цел да се олесни вработувањето и да им се отвори можност на оваа ранлива група на граѓани да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

 

Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ е финансиран од Европската Унија, во рамки на инструментот ИПА 4. Проектот се спроведуваше во соработка со ДРОМ од Куманово и Креација од Скопје, во тек на 12 месеци, информираат од Хабитат Македонија.