Претходна статија
Во Охрид се гради нов хотел со пет ѕвездички
Следна статија
Нова тура споменици во центарот на Скопје

Грчката државна компанија единствена заинтересирана за ХЕ „Чебрен“

Објавено на 03.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

И по продолжувањето на крајниот рок за доставување понуди, на јавниот повик за изградба на хидроелектраната „Чебрен“ има пристигнато само една. Грчката државна енергетска компанија „Паблик Пауер Корпорејшн“ (Public Power Corporation) е единствената што излезе со понуда на единаесеттиот по ред јавен повик за реализација на овој енергетски објект. Од Министерството за животна средина и просторно планирање истакнуваат дека Владата во најкус можен рок ќе утврди дали компанијата ги исполнува потребните критериуми.

 

* Каскада на Црна Река 

 

 

Со последниот меѓународен повик, на идниот концесионер му се даваат нови поволности за да ја проектира, изгради, управува и одржува ХЕ „Чебрен“. Наместо барањето за изведба во пакет со хидроелектраната „Галиште“, во овој тендер се нуди реализација на помалата ХЕ „Орлов Камен“. Истовремено, идниот инвеститор ќе управува со веќе изградената хидроелектрана „Тиквеш“. Концесискиот договор со приватниот партнер ќе биде во траење од 52 години, додека рокот за завршување на планираниот енергетски објект е седум години. Вкупната инвестиција во хидроелектраната „Чебрен“ е проценета на 300 милиони евра.