Скопската градежна компанија „Гранит“ лани остварила зголемување на добивката од севкупното работење. Вкупните приходи во текот на 2015 година изнесувале 4.240.711.000 денари и во споредба со претходната година бележат раст од 3,92%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество има реализацијата на основната дејност со 57,21%. Согласно со годишниот извештај „Гранит“ имал вкупни расходи во висина од 4.000.824.000 денари, што претставува раст од 3,5% во споредба со 2014 година.
Гигантот од македонскиот градежен сектор лани инвестирал 660.678.000 денари во основни средства, насочувајќи се првенствено кон материјални вложувања. „Гранит“ во опрема и во други материјални добра лани вложил 656.380.000 денари.