Претходна статија
Конечно ќе се воведе електронски систем на наплата на патарините
Следна статија
Расте обемот на предвидените станбени површини, но и на трошоците за нивна изградба

„Гранит“ склучи два нови договори во вредност 1,7 милиони евра

Објавено на 05.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ денеска објави дека потпишала два нови договори со Министерството за транспорт и врски и со Агенцијата за државни патишта во вкупна вредност од 103.152.013 денари или околу 1,7 милиони евра. Оперативата на претпријатието ќе треба да го изгради патот од Прилеп до манастирскиот комплекс Успение на Пресвета Богородица – Трескавец во должина од 7,5 километри. Рокот за изведување на градежните активности изнесува 18 месеци, а од државниот буџет за оваа намена се одвоени 83.516.749 денари. Вториот склучен договор се однесува на непредвидени дополнителни градежни работи кон основниот договор за изградба на регионалниот пат Р-112 од Конско (Смрдлива вода) до ски – центарот Кожуф во должина од 17,4 километри, кои се последица на неговите оштетувања од временските неприлики. Компанијата е предвидено да ги заврши активностите на терен во рок од 75 работни денови, а за таа цел ќе и бидат исплатени 19.635.264 денари.

 

Во текот на изградбата на патот Р-112 до ски центарот КожуфМапа на патот помеѓу Смрдлива вода и ски центарот Кожуф (извор: Ски Кожуф)