Претходна статија
Објавен изгледот на милионската ограда на мостот „Слобода“
Следна статија
Подземниот катастар ставен во функција

„Гранит“ потпиша три договори во вредност од преку 195 милиони евра

Објавено на 24.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот градежен гигант „Гранит“ од Скопје се вклучува во изградбата на три автопати на Балканскиот полуостров. Компанијата денеска соопшти дека склучила договори за изградба на делницата Бања Лука – Прњавор, која е дел од проектираната траса за автопатско поврзување меѓу Бања Лука и Добој во Босна и Херцеговина. „Гранит“ учествува со 40% од вредноста на целокупниот договор во висина од 158 милиони евра, односно за остварените градежни активности во наредните три години ќе и бидат исплатени финансиски средства во износ од 63,2 милиони евра. Договорот е потпишан со Јавното претпријатие Автопатишта на Република Српска. Оперативата на оваа градежна фирма веќе ја гради автопатската делница од Прњавор до Добој во должина од 37 километри, која беше ангажирана на крупниот проект кон средината на 2012 година.

 

 

 

Покрај пробивот на странскиот пазар, „Гранит“ е ангажиран и како подизведувач за автопатите Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид од страна на кинеската компанија „Синохидро“. Првиот договор е во вредност од 32.553.493 евра и ќе се реализира во наредните две години, додека за изградба на автопатот до Охрид во наредните 38 месеци фирмата ќе добие финансиски средства во висина од 99.668.949 евра.