Претходна статија
ЕЛЕМ инвестира во рударска механизација за РЕК „Битола“
Следна статија
Отворен првиот дел од фудбалската Академија на ФК „Вардар“

„Гранит“ ја зголеми добивката за 10% во првиот квартал од годинава

Објавено на 16.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Успешен почеток на годината за градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Според неконсолидираниот и неревидиран извештај објавен од Македонска берза, вкупната добивка на македонскиот гигант во првиот квартал годинава изнесува 13.830.000 денари, што е за 10% повеќе во споредба со првиот квартал од 2015 година. Оперативните приходи на компанијата се зголемени за 27%, а растот кај расходите изнесува 19%. Приходите од продажбата на домашниот пазар се зголемени за 7% во споредба со периодот јануари-март 2015 година, а забележително зголемување од 251% е константирано кај капитализираното сопствено производство и услуги.

 

 

 

Во делот на оперативните расходи, кај скопски „Гранит“ е забележан раст од 75% кај услугите со карактер на материјални трошоци, како и зголемување од 67% на ставката „останати трошоци од работењето“. Оперативните приходи во првиот квартал од 2016 година изнесуваат 737.904.000 денари, а оперативните расходи 682.540.000 денари.