„Лукоил Македонија“ деновиве ја пушти во употреба 21-та бензинска пумпа во државава. Новиот објект е лоциран на автопатот А1, на еден километар од граничниот премин Богородица. Покрај точењето на гориво од три диспанзери, граѓаните ќе можат да ги користат услугите на супермаркетот и ресторанот кои се составен дел од бензинската пумпа со површина од 3.777 метри квадратни. Руската компанија во овој проект инвестираше 1 милион евра, а со неговата реализација се вработени 27 лица.
Во новиот објект е имплементирана најсовремена технологија за електронско управување на пумпата и неопходните стандарди за заштита на животната средина и на вработените. Генералниот директор на „Лукоил Македонија“ Андреј Куку во свечениот говор најави дека во втората половина од 2013 година ќе биде отворена уште една пумпа на спротивната страна од автопатот, во близина на истиот премин на излезот од нашата земја кон Грција.