Претходна статија
Општина Центар врши избор на идејно решение за новата спортска сала за КК „Работнички“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Струшкиот Парк на поезијата во агонија

Граѓаните со веб апликација ќе пријавуваат недостатоци на патиштата

Објавено на 06.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Едноставна апликација на Интернет преку која граѓаните ќе може да ги пријавуваат сите недостатоци на магистралните, регионалните и локалните патишта низ целата земја. Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), во соработка со Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта, ќе работат заеднички за подобрување на квалитетот на патната мрежа низ земјава и за безбеден сообраќај за сите. Бесплатна мобилна апликација и веб платформа ќе им овозможи на учесниците во сообраќајот да ги пријавуваат недостатоците на патиштата.

 

*Македонските кратери ќе добијат апликација за нивно пријавување од граѓаните

 

Сите регистрирани проблеми со инфраструктурната мрежа во понатамошниот период ќе се отстрануваат согласно приоритетите и капацитетите надлежни за тоа. Главната цел на проектот е да се создаде ефикасен систем за одржување на патната инфраструктура со директна помош на граѓаните. „Како Влада која се залага за отчетност и транспарентност, токму оваа алатка ќе ни биде од огромна корист во идентификација на недостатоците што се јавуваат на патиштата“ изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.