Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ од денес ја почнува кампањата „Му требаш на ГТЦ“, со која ги повикува сите граѓани да се вклучат во идејата за зачувување на постоечкиот концепт на Градскиот трговски центар преку активизам и волонтерство. „Ние искрено го сакаме ГТЦ кој претставува наше непроценливо културно наследство. ГТЦ е срцето на градот и чувар на многу спомени. Тој е архитектонско ремек – дело што мора да биде модернизирано и надградувано во оригиналниот стил и изглед. Ги повикуваме сите што ги делат истите ставови и чувства за Градскиот трговски центар, да се приклучат и директно да дадат придонес во реализација на нашата цел“, се нагласува во повикот од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.
Секој може да се пријави за да се активира и да волонтира во зачувување на автентичниот лик на Градскиот трговски центар на следниов линк:
http://web-rating.mk/warpit/survey/index.php
Од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ информираат дека досега има одличен одзив од невладиниот сектор за нивната идеја, посочувајќи дека повеќе од 20 невладини организации и граѓански здруженија застанале зад идејата и заложбата за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.