Претходна статија
Пад на приходите на „Гранит“ во првото полугодие
Следна статија
Косовски „Ескаватори“ ќе ja проширува Трета Македонска бригада

„Градска куќа“ ќе чини минимум 17,7 милиони евра

Објавено на 31.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потпишан е нов договор вреден 194,7 милиони денари (3,2 милиони евра) за реализација на дополнителни работи за изградба на објектот „Градска куќа“, лоциран под Скопското кале. Како што се наведува во објавеното образложение на Градот Скопје, предвидените проектни решенија по кои стартувала изградбата на административниот објект не ги задоволуваат барањата за енергетска ефикасност што се дел од новиот Правилник за енергетски карактеристики на зградите. Од широкото појаснување може да се извлече заклучок дека дополнителни финансиски средства ќе се потрошат за имплементирање на „минималните барања за енергетска ефикасност по доставување на изменетиот проект“.

 

 

 

Објектот „Градска куќа“ се гради повеќе од четири години. За него досега се потрошија најмалку 17,7 милиони евра, ако се земе во предвид најновиот склучен договор со скопски „Бетон“ како изведувач на градежните работи. Административното здание ќе има шест надземни и три подземни нивоа, кои треба да обезбедат простор за работа на 650 административци и паркинг за 170 возила. Фасадата на зградата ќе биде изработена во неокласичен стил, по терк на владиниот проект „Скопје 2014“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk