Претходна статија
Dokadek 30 - Еволуција на оплатните системи за плочи
Следна статија
Кредит за реконструкција на три училишта во Кавадарци

„Градска куќа“ без кров, прозорци и врати

Објавено на 28.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По 10 месеци без одвивање на тековни градежни работи, објектот „Градска куќа“ деновиве продолжи да се изведува. На градилиштето во моментов се започнати активности за изведба на термичката фасада, со која ќе се задоволат неопходните мерки за енергетска ефикасност. Овој зафат на административниот објект под Скопското кале е единствената активност што досега беше започната во текот на годинава, и покрај тоа што од градскиот буџет за 2015 година беа издвоени 80 милиони денари за неговото довршување. Објектот „Градска куќа“ остана на ниво на изведеност на отворена карабина, без довршен покрив, и без прозорци и врати.

 

 

 

Целосното завршување на административната зграда доцни веќе три месеци, без конкретно наведен датум за нејзиното пуштање во употреба. На поставувањето на камен – темелникот на објектот во јуни 2011 година, Градот Скопје вети дека седиштето на градската управа ќе се заврши најдоцна до јуни 2015 година. Во делот на финансиската конструкција, објектот „Градска куќа“ досега го чинеше буџетот околу 900 милиони денари, односно речиси 15 милиони евра. Како изведувач на градежните работи на терен е ангажирана фирмата „Бетон“ од Скопје.

 

Објектот „Градска куќа“ се гради на парцела од 1.274 метри квадратни, висок е 21 метар и има шест надземни и три подземни нивоа. Во административниот простор треба да се сместат службениците на Град Скопје. Фасадата на објектот е замислено да биде во неокласичен стил, по теркот на „Скопје 2014“. Автори на проектот за новата Градска куќа се архитектите Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „КАД Биро“.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk