Претходна статија
Се бара инвеститор кој ќе ја урне салата на МЗТ и ќе изгради нов спортски комплекс
Следна статија
Се множат инвестициските проекти во зоната „Ќојлија“

Градот Скопје ќе се консултира што да прави со „Езеро Треска“

Објавено на 19.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Повторно промена на плановите за реконструкција на „Езеро Треска“. После тригодишните ветувања за инвестирање во спортско – рекреативниот комплекс преку издвојување на финансиски средства од буџетот на главниот град, локалните власти се одлучија да го променат првичниот план и повторно да се вратат на идејата за јавно – приватно партнерство.  Градот Скопје ќе се консултира што да прави во иднина со СРЦ „Езеро Треска“ и базенот „Сарај“. Во дневните весници денеска беше распишан оглас за избор на најповолен понудувач за консултантски услуги за изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реконструкција на спортско-рекреативниот центар. Консултантот што ќе ги советува градските власти за проектот, кој е изграден со финансиски средства на граѓаните на Скопје, ќе се биде познат на 10 декември. Тој ќе треба да помогне во изготвување на целокупната документација за идниот повик за јавно – приватно партнерство, но и во временски период од три месеци ќе треба да даде одговор за тоа колкава би била заинтересираноста на приватните компании за овој проект.

 

Езеро ТрескаЕзерото Треска веќе неколку години пропаѓа под налетот на негрижа на локалната администрација. Скопските градоначалници во неколку мандати на различен начин се обидоа да го ревитализираат овој простор, од ветувања за пронаоѓање на атрактивен странски инвеститор, преку вложување на централната власт во проектот до одвојување на финансиски средства од локалниот буџет за реконструкција на комплексот. Градот Скопје при изготвувањето на буџетот за 2010 година вети дека ќе вложи 30 милиони денари за неопходната санација на рекреативното езеро, но тоа не се оствари. Министерството за животна средина и просторно планирање во 2010 година склучи договор за изградба на пречистителна станица за селата Глумово и Шишево со што требаше да се намали загаденоста на водите од реката Треска, но зафатот сеуште не е реализиран. Комплексот е изграден во 1978 година на површина од 35 хектари. Од 2006 година грижата за него е префрлена од државните институции на Градот Скопје.