Претходна статија
Почна изградбата на нов парк спроти „Мајчин дом“ во Аеродром
Следна статија
Три години се врти во круг подземната сообраќајница зад „Рамстор“

Градот Скопје ќе инвестира во проширување на улицата Маџари

Објавено на 25.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градската власт распиша повик за прибирање на понуди за изведба на првата фаза од проектот за проширување на улицата Маџари во скопската општина Гази Баба. Градежните активности најпрво ќе се одвиваат на потегот од крстосницата со улицата Јужноморавски бригади до улицата Палмира Тољати во должина од 666 метри. Улицата Маџари со спроведувањето на проектот ќе добие четири коловозни ленти, при што ќе се реконструира постоечкиот асфалт и ќе се постави атмосферска канализација. Според податоците од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, инфраструктурниот проект ќе се реализира во рок од 20 месеци.

 

 

 

За реконструкција и проширување на улицата Маџари е проценето дека ќе се потрошат 63.701.860 денари или околу еден милион евра, без вклучен ДДВ. Понудите ќе се прибираат до 16 април, кога ќе се знае и кој е изведувачот на изведбените работи на терен. Основните проекти за сообраќајна инфраструктура и за атмосферска канализација ги изработи „Давос Инвест“ од Скопје, додека нивната ревизија ја изврши Градежниот факултет. Целосното проширување на улицата Маџари до надвозникот кај автопатот кон Велес ќе се реализира во две фази.

 

 

Бојан Блажевски