Раководителите на деловните субјекти од градежниот сектор како поповолна ја оценија економската состојба во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со идентичниот период лани, но истовремено сметаат дека постои забавување во однос на последните три месеци од 2013 година. Притоа, менаџерите на градежните компании констатираат дека финансиската состојба на нивните компании е подобра во однос на претходното тримесечје, исто како и во однос на првите три месеци од 2013 година. Очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поповолни, додека оценката за сегашната состојба со порачки е на исто ниво како претходниот квартал. Македонските градежници оцениле дека бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.
Во наредниот период се очекува продажните цени во градежниот сектор да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: немање на побарувачка со 20,2%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14,4%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,1% и зголемените трошоци за материјали со 12,3%.