Претходна статија
Референдуми за „Казандол“ во Дојран на 23 јули, во Валандово на 20 август
Следна статија
Продолжувањето на булеварот „Србија“ е во завршна фаза

Градежниците со позитивни оценки за вториот квартал од 2017 година

Објавено на 10.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Раководителите на домашните градежни компании со позитивни оценки за развојот на градежништвото во второто тримесечје од 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,7% во однос на претходното тримесечје, но и за 1,2% во споредба со идентичниот период лани. Очекувањата за вкупните порачки за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Раководителите на деловните субјекти од градежништвото сметаат дека бројот на вработени ќе се зголеми во наредните три месеци.

 

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на второто тримесечје од 2016 година. Градежниците во наредниот период очекуваат намалување на продажните цени. Тие сметаат дека бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2017 година се над нормалата. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,9%, нема побарувачка со 16%, нема ограничувања со 15,1% и зголемени финансиски трошоци со 11,3%.