Претходна статија
Градот Скопје ќе ја поправа инфраструктурата во поплавените подрачја
Следна статија
Електронската наплата на билети кај приватниците ќе започне од 1 јануари

Градежниците со помалку работа на странските пазари

Објавено на 25.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските градежни компании имале помал обем на работа на странските пазари во првото полугодие од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2016 година, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари, што е за 21,7% помалку во споредба со истиот период лани. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вредност од 961.396.000 денари, што е за 11% помалку во споредба со првото полугодие од минатата година.

 

Во периодот јануари-јуни 2016 година е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на останатите пазари е регистриран намален обем на работа на македонските компании од градежниот сектор.