Претходна статија
Во „Дрисла“ се гради нова постројка за третман на индустриски отпад
Следна статија
За „Купи куќа, купи стан“ ќе се аплицира и во 2015 година

Градежниците профитираат од инвестициите во инфраструктурата

Објавено на 22.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Договорените и извршени градежни работи во првата половина од 2014 година бележат значителен раст во споредба со 2013 година. Овие податоци на денешната прес – конференција ги изнесе Марија Петроска од Стопанската комора на Македонија, според која годинава драстично се зголемила работата на градежните компании во секторот нискоградба. Податоците покажуваат дека околу 75% од ангажманот на градежната оператива во првите шест месеци од годинава е на инфраструктурни објекти, околу 5% на реконструкции и само 20% од ангажманот е на изградба на објекти од високоградба. Вкупната вредност на инвестициите на кои ќе работат домашните компании во текот на наредните години се проценува на околу 860 милиони евра.

 

#„Изградбата на патната инфраструктура ќе придонесе за побрз проток на стоки и услуги, а со тоа и побрз развој на економијата. Добрата патна инфраструктура ќе придонесе и за развојот на руралниот туризам, за којшто во Македонија има извонредни услови“ сметаат од Стопанската комора на Македонија. Според нивните информации, бројот на активни градежни компании во земјава лани изнесувал 4.322, со околу 45.000 вработени. Средните и големите компании од овој сектор вработуваат преку 75% од ангажираните лица во градежништвото и учествуваат со околу 90% во неговиот удел од Бруто домашниот производ.