Претходна статија
Гевгелија и две грчки општини заеднички ќе работат на регулација на коритото на Конска река
Следна статија
Државата одвои над 15 милиони евра за редовна поправка на патиштата

Градежниците позитивно гледаат кон работењето во вториот квартал од годинава

Објавено на 18.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Раководителите на градежните фирми од земјава со оптимизам гледаат кон севкупните придвижувања што се одвивале во градежниот сектор во вториот квартал од 2018 година. Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во периодот април – јуни 2018 година е поголем за 0.2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2018 година и во однос на идентичниот период лани. Како што се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика, очекувањата за вкупните порачки за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје.

 

 

Менаџерите од градежниот сектор очекуваат зголемување на бројот на вработени, но и подобрување на економската состојба во второто тримесечје од 2018 година во споредба со претходниот квартал и со идентичниот период од 2017 година. Сегашната состојба со порачки на нивните деловни субјекти е понеповолна, додека оценката за финансиската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

 

Зголемените трошоци за материјали со 21,1%, немањето побарувачка со 20,6%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,7% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 11,8% се факторите што имаат најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност.