Претходна статија
Граѓаните ќе почекаат на адекватен паркинг во Клинички центар
Следна статија
„Јужен тек“ пропадна, од каде Македонија ќе се снабдува со гас?

Градежниците од Балканот ќе формираат конзорциуми за освојување на старите пазари

Објавено на 01.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонските градежни компании ќе се здружат со градежниците од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина во конзорциуми за да можат повторно да ги освојат изгубените пазари на Блискиот Исток и земјите што произлегоа од Советскиот сојуз. Заедничкиот настап во странските земји ќе им овозможи на градежниците да ги задоволат строгите критериуми на меѓународните тендери за поголемите проекти, и тоа првенствено во делот на добивање банкарски гаранции, обезбедување на доволно механизација и вработени. „Ние сме мали фирми за кои е потешко сами да настапуваат на овие пазари, затоа здружувањето е клучно, во спротивно активностите се повеќе ќе се намалуваат“, изјави Никола Велковски од Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија.

 

Во насока на формирање на замислените конзорциуми, досега се одржани три заеднички состаноци, на кои се детектирани речиси идентични проблеми во сите држави. Во наредниот период се очекува да се усогласат заклучоците, со давање приоритет за основање конзорциуми кои ќе можат да одговорат на барањата на инвеститорите. За таа цел, предложено е да се пристапи кон создавање база на податоци на компаниите од сите републики кои се заинтересирани за соработка и здружување.