Македонските градежни фирми имале помалку проекти за реализација во првите месеци од 2014 година, во споредба со претходната година. Државниот завод за статистика денеска излезе со публикацијата „Краткорочни статистички податоци за стопанските движења во Република Македонија“, во која се наведува дека вредноста на извршените градежни работи во земјава во периодот од јануари до август 2014 година изнесувала 13.357.902.000 денари или за 4,9% помалку во однос на идентичниот период од минатата година. Ваквите негативни податоци од градежниот сектор доаѓаат по големите проекти што во моментов се одвиваат во земјава, меѓу кои „Скопје 2014“ и изградбата на трите автопатски делници.
Наспроти реалното намалување на активностите, статистичарите бележат раст од 30,2% кај договорените градежни работи за изведба во наредниот период. Во месеците јануари – август 2014 година, договорена е реализација на градителски проекти во вредност од 41.294.199.000 денари. Извршените ефективни часови во определениот временски период се зголемени за 10,3% во споредба со првите осум месеци од 2013 година.
Бојан Блажевски