Претходна статија
Архитектонска изложба „Училиште за нас“ во Музејот на Град Скопје
Следна статија
Ќе се гради кружен тек на булеварот „Партизански одреди“

Градежниот факултет доби нова лабораторија

Објавено на 28.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проверката на топлопроводноста и на звучната проводност на градежните материјали во иднина ќе се реализира во новата лабораторија во склоп на Градежниот факултет од Скопје. Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на оваа високообразовна установа за да се запознае со инсталираната современа опрема, која е единствена во регионот. „Освен за целите за студентите и научните истражувања, оваа лабораторија ќе биде користена и за комерцијални цели и ќе носи приходи на самиот факултет и универзитет, а истовремено ќе овозможи и на приватниот сектор да може да врши различни акредитации на нивните производи и да врши проверка на нивните производи“, истакна Груевски. Вредноста на оваа лабораторија изнесува 300.000 евра, обезбедени од државниот буџет.

 

* Извор: Влада на Република Македонија

 

Професорката Тодорка Самарџиоска од Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите објасни дека лабораторијата има апарат за топлотна проводливост на градежни материјали кои се користат како термоизолациски во градежништвото и на конструктивни елементи на веќе изградени објекти. Со опремата ќе може да се мери и звучната изолација на објекти или пак, да се пресмета изолациската моќ на преградните ѕидови во зградите. Според информациите од веб – страницата на Владата, проектот е реализиран во рамките на набавката на голем број лаборатории од различни видови и сектори за македонските високообразовни институции.