По претставувањето на замислата пред студентите на Архитектонскиот факултет, Градот Скопје денеска го распиша Конкурсот за изработка на идејно решение за дизајн на урбана опрема во главниот град. Од младите архитекти се бара да дизајнираат по два типа на клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило што би се поставиле на јавните простори во Скопје. Конкурсот е деллив на шест дела и за секој од нив се предвидени прва награда во нето износ од 18.000 денари и втора награда во нето износ од 10.000 денари.
*Уништената урбана опрема во Скопје ќе се заменува со нова
Заинтересираните архитекти имаат рок до 12 април за да ги достават изработените идејни решенија до Градот Скопје. За избор на најсоодветните архитектонски трудови е формирана комисија во состав: Ерина Филиповска, Аљоша Шопар, Виктор Михајлов, Снежана Митовска, Бесник Осеку и Катица Божјанова. Избраните идејни решенија ќе се преточат во урбана опрема, која што во иднина ќе се постави пред скопските училишта, студентски домови, факултети, плоштади, булевари и улици.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk