Претходна статија
Презентирана Националната транспортна стратегија 2018-2030
Следна статија
Радовиш налето ќе има подготвен проект за гасификација

Град Скопје објави повик за доделување субвенции за печки на пелети

Објавено на 21.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со 15 милиони денари од градскиот буџет за 2019 година ќе се надоместуваат дел од потрошените средства на граѓаните за набавка на печки за греење на пелети. Град Скопје денеска го објави јавниот повик за доделување на субвенциите, при што граѓаните ќе имаат можност да се пријават до 30 ноември, или до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена. Доделувањето на субвенциите ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

 

„Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7.11.2018 до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство“, информираат градските власти. Право на учество имаат сите граѓани што живеат во некоја од скопските општини, и тоа во станбени објекти што не се приклучени на градското централно греење.

 

Градските власти го реализираат проектот за да ги стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови. Во годинешниов буџет на Град Скопје се предвидени рекордни ставки за доделување на субвенции за набавка на иновативни грејни тела. Покрај предвидените 15 милиони денари за субвенции за печки на пелети, дополнителни 20 милиони денари се насочени за надоместување на трошоците за набавка на посовремени уреди за затоплување (инвертер клима уреди).