Советот на Град Скопје денес изгласа одлука за задолжување преку издавање на хартии од вредност – обврзници, во висина од пет милиони евра. Се работи за прво задолжување на главниот град користејќи го овој финансиски инструмент. Средствата ќе бидат употребени за изградба на подземна сообраќајница која ќе поминува под Плоштадот Македонија и ќе го поврзува булеварот Кузман Јосифовски Питу со булеварот Илинден. Оваа сообраќајница е во спротивност на Генералниот урбанистички план на Скопје, кој исто така предвидува подземен сообраќаен коридор под центарот на градот и Плоштадот Македонија, но со поинаква траса и профил.
Во март годинава градските и централните власти потпишаа Меморандум за соработка за финансирање на проектот. Вкупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра, од кои 20 милиони ќе обезбеди Владата од државниот буџет и преку кредитно задолжување, а преостанатите ќе ги обезбеди Градот, делумно со обврзници и делумно од сопствениот буџет
» Форумска дискусија за овој проект