Претходна статија
Отворена нова делница од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“
Следна статија
Градежниците ќе учат како се градат одржливи енергетски ефикасни згради

Град Скопје ќе ја реконструира улицата „Брадфордска“ во Козле

Објавено на 10.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопските градски власти денеска објавија оглас за изведувач на реконструкцијата на улицата „Брадфордска“ во населбата Козле. Со претстојниот градежен зафат ќе се санира коловозот, на потегот од раскрсницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улица „Козле“. Рокот за изведба на реконструктивниот зафат е два месеци. Заинтересираните изведувачи ќе имаат рок до 1 октомври за да ги достават понудите за учество на распишаниот тендер. За градежните работи на терен е предвидено да се издвојат околу 7 милиони денари од градскиот буџет.

 

 

Улицата „Брадфордска“ е една од главните сообраќајници во населбата Козле, која не е реконструирана веќе подолг период наназад. Оваа сообраќајница е полна со дупки, коишто го отежнуваат движењето на возилата.