Претходна статија
Изградбата на ХЕ „Велес“ ќе ја измести пругата помеѓу Скопје и Велес
Следна статија
Напредува изградбата на новата општинска зграда на Карпош

Град Скопје ќе ги санира дотраените фасади на плоштадот Карпошово востание

Објавено на 19.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Зградите околу плоштадот Карпошово востание во центарот на Скопје, вклучувајќи го и објектот „Ибни Пајко“, ќе добијат реконструирани фасади. Градската власт на Скопје денеска распиша два конкурса за избор на архитектонски решенија за санација на надворешниот изглед на овие зданија, лоцирани на улицата Црвена скопска општина. Оштетените и излупени фасади се причина за реализација на овој проект, кој треба да се спроведе во претстојниот период заедно со реконструкцијата на фасадите на објектите долж булеварот Илинден. Од архитектите се бара новите фасади да исполнуваат неколку критериуми, вклучувајќи ја инвентивноста во пристапот на нивно обликување, изводливоста, одржливоста и економичноста на решението и задоволувањето на прописите и актите за проектирање и реконструкција на фасадите.

 

На победничкото идејно решение ќе му биде доделена награда во нето износ од 150 илјади денари. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите трудови најдоцна до 23 август во просториите на Град Скопје. По завршувањето на конкурсите, Градот Скопје ќе распише оглас за изработка на основен проект врз основа на избраниот архитектонски труд. Од овогодинешниот градски буџет за реконструкција и промена на надворешниот изглед на постоечките зданија во центарот на Скопје ќе бидат издвоени финансиски средства во висина од 115 милиони денари.