Претходна статија
Раководителите оптимисти за развојот на градежниот сектор
Следна статија
„Жикол“ ќе ја доградува инфраструктурата во ТИРЗ Струмица

Град Скопје ја реконструира главната сообраќајница во Сарај

Објавено на 12.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје ја реконструира главната сообраќајница во Сарај. Градежни екипи денеска почнаа со асфалтирање на улицата Сарај, чиј коловоз во изминатиов период се реконструираше на потегот од храмот „Св. Злата Мегленска“ до патот што води кон селото Љубин. Во оваа прва фаза од проектот за реконструкција на коловозот на улицата Сарај се обновени 665 метри од оваа значајна сообраќајница. Дотраениот асфалт се заменува со нов, а се уредуваат и тротоарите. Градските власти за овој зафат издвоија околу 5 милиони денари. Градежните работи ги изведува фирмата „Пелагонија“ АД Гостивар.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градските власти во моментов работат на подготовките за реализација на втората и третата фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај, со што оваа значајна сообраќајница ќе биде обновена на целиот потег од црквата „Св. Злата Мегленска“ до раскрсницата со локалниот пат – локалитет Матка и клучка Тетово.