Претходна статија
Предавање на архитект Луис Вивес утре во Музејот на современа уметност
Следна статија
БИМАС ДЕБАТА: Развојот на Скопје во иднина ќе се одвива низ соработка на Градот и експертите

Град Скопје ја почнува постапката за изградба на тунелите под Кале

Објавено на 24.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска со видеопрезентација го најави почетокот на проектирањето на капиталниот градежен зафат „Тунелите под Кале“. Тој најави распишувањето на тендер за избор на проектант за подготовка на документацијата, со која булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе се продолжи во правец кон Пластичарската улица. Веќе во текот на наредната година би требало да се комплетира проектот, по што Градот Скопје би можел да се насочи кон прибирање на финансиските средства и распишување на тендерот за изградба на оваа сообраќајница.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Шилегов денеска објасни дека постои можност за реализација на проектот во три фази. Првата фаза би ја опфатила изведбата на булеварот „Св. Климент Охридски“ со нов мост над реката Вардар до тунелот. Втората фаза би ја опфатила изградбата на самиот тунел, додека во последната етапа би се градел сегментот од тунелот до раскрсницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица). Новиот мост на реката Вардар би бил долг 173 метри, а широк 20 метри, со по 2 коловозни ленти во секој правец. Мостот би продолжил како вијадукт долг 262 метри до влезот во тунелот под Калето. Самиот тунел би имал должина од 250 метри. Од тунелот, во правец кон Пластичарската улица, трасата би завршувала со кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарската улица.

 

„Со проектот „Тунели под Кале“ ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит-Пазар, Цветан Димов и на мостот „Гоце Делчев“. До саканата дестинација ќе се стига за најмалку 5 до 20 минути побрзо за разлика од сега“ изјави градоначалникот Шилегов. Финансиската конструкција на проектот треба допрва да се оформи, за што се очекува помош и од државата.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект