Претходна статија
Реконструкција на Мостот на Револуцијата
Следна статија
Продажба на парцела за катна гаража според обврзувачки идеен проект

Град Скопје доби заем за изградба на две катни гаражи

Објавено на 10.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше потпишан договор помеѓу Град Скопје и НЛБ Тутунска Банка за финансирање на проектот на Градот за изградба на две катни гаражи – на улица Даме Груев (на просторот пред Лотарија на Македонија) која ќе има капацитет за околу 800 возила и на улица Мито Хаџивасилев Јасмин (на просторот спроти дирекцијата на Макпетрол) која ќе обезбеди околу 400 нови паркинг места. Заемот што го добива Градот е во висина од 8,5 милиони евра, со рок на отплата од 10 години, грејс период од 2 години и каматна стапка од Еуролибор плус 5,1 процентни поени. Останатите 10,5 милиони евра потребни за реализација на овој проект ќе бидат обезбедени од градскиот буџет. Дел од средствата Градот планира да ги поврати преку продажба на деловни простории што ќе бидат во склоп на гаражите, а за кои надлежните соопштија дека ќе сочинуваат 15% од корисната површина на објектите.


На конкурсите за избор на идејни решенија, за локацијата на улицата Даме Груев победник беше проектот на Љубен Макаревски од Градежниот институт „Македонија“, додека за локацијата на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин победничкиот труд беше на група автори: Минас Бакалчев, Митко Хаџипуља, Александар Радевски, Никола Стрезовски, Саша Тасиќ и Дамјан Момировски. Изградбата на едната гаража ќе почне кон крајот на јануари идната година, а на другата кон крајот на март.