Претходна статија
Пропадна третиот обид за пронаоѓање инвеститор на голф терени во Зелениково
Следна статија
Објектот на Министерството за транспорт и врски се подготвува за пуштање во употреба

Гостивар и Струмица ќе добијат мониторинг станици за квалитетот на воздухот

Објавено на 29.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе постави две мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во Гостивар и во Струмица. Станува збор за дислокација на постојните нефункционални мерни станици од скопското село Мршевци, општина Илинден и една од двете станици во Велес. Со претстојниот зафат ќе се дислоцираат овие објекти на нови локации, но и конечно ќе се поправат и ќе се стават во функција за граѓаните од Гостивар и од Струмица. Мерната станица во Гостивар ќе биде лоцирана во основното училиште „Гоце Делчев“, додека онаа во Струмица ќе се смести во кругот на градската болница.

 

*Загаденоста на воздухот во иднина ќе се мери во Струмица и во Гостивар

 

Од надлежното министерство денеска го објавија огласот за избор на фирма што ќе ги дислоцира двете мониторинг станици, вклучувајќи го и проектирањето и изградбата на фундамент со заштитна ограда на двете нови локации. За поставувањето мерни станици на амбиентален воздух е проценето дека ќе се потрошат околу 1,2 милиони денари. Заинтересираните компании имаат рок до 11 декември за да ги поднесат своите понуди за учество во тендерската постапка. По склучувањето на договорот, најповолниот понудувач ќе има рок од седум дена за да ги обезбеди условите за поставување на мониторинг станиците на двете локации, по што тие ќе бидат префрлени во Гостивар и во Струмица.

 

Од Министерството за животна средина и просторно планирање неодамна ги обезбедија неопходните резервни делови за непречено функционирање на овие мониторинг станици, со што ќе се овозможи нивното ставање во функција.