Претходна статија
Фабриката Карпош со значително намалена добивка во првото полугодие
Следна статија
Речиси 100.000 дивоградби се легализирани во изминативе три години

Голем спортско – рекреативен центар ќе се гради во општина Желино

Објавено на 05.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Желино продаде градежна парцела со површина од 53.101 метри квадратни, на која е зацртана изградба на голем спортско – рекреативен центар. Се работи за земјиште во месноста Мулеза, на оддалеченост од 10 километри од центарот на Тетово. Со урбанистичкиот план за селото Желино, во рамки на парцелата е предвидено да никне објект со приземје и три ката, бруто развиена површина од 139.480 метри квадратни, со намена за спортско – рекреативен центар и со компатибилна класа на намена за мали комерцијални и деловни дејности.

 

#Земјиштето е продадено во текот на вчерашниот ден по цена од 242 денари за метар квадратен или вкупно 12.850.442 денари (околу 210 илјади евра). Идентитетот на купувачот засега не се соопштува и ќе биде познат по официјалното склучување на договорот со локалната самоуправа. Инвеститорот ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобрение за градење на објектот, а проектот ќе треба да го реализира во период од 10 години по издавањето одобрението од страна на општинската власт. Огласот за продажба на градежното земјиште беше објавен кон крајот на јуни годинава.