Претходна статија
Карпош сака да гради катна гаража кај СЦ „Борис Трајковски“
Следна статија
Реализирани проекти за натамошен развој на Кавадарци

Голем откупен центар за земјоделски производи ќе се гради во Преспа

Објавено на 23.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Компанијата „Епл Ленд“ (Apple Land), основана од инвеститор од Дубаи е најповолен понудувач на вчерашното електронско јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во општина Ресен. Министерството за транспорт и врски информира дека е отуѓена градежна парцела со површина од 61.433 метри квадратни, при што е достигната вкупна цена од 4.361.743 денари или 71 денари за метар квадратен. Идниот индустриски објект е со предвидена висина од 12 метри и ќе се гради кај локалитетот Макази [»мапа].

 

Локацијата на која е предвиден објектотИзвадок од урбанистички план

 

 

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање треба да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. По склучувањето на договорот, инвеститорот од Дубаи ќе треба да се стекне со одобрение за градба во рок од 12 месеци од солемнизацијата на договорот, а објектот е должен да го изгради во период од 72 месеци по добивањето на градежната дозвола.