Претходна статија
Владата инвестира во продавници за здрава храна
Следна статија
Референдумот неуспешен, борбата за зачувување на ГТЦ продолжува

Голем интерес за изградба на куќи и хотел на Мавровското езеро

Објавено на 27.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Граѓаните и компаниите пројавија голем интерес за инвестирање во изградба на нови викендички и хотел на брегот на Мавровското езеро – на денешното електронско јавно наддавање беа продадени седум од огласените осум градежни парцели. Земјиштето од 2.266 метри квадратни на кое е предвидено да се гради хотел во селото Маврови Анови се продаде по цена од 3.099 денари за метар квадратен, а високи суми достигнаа и локациите за викенд куќи. Плацевите со површина од 591 до 602 метри квадратни достигнаа цена од 3.030 до 4.100 денари за метар квадратен, иако почетната цена изнесуваше 61 денари за метар квадратен.

 

 

 

Имињата на идните сопственици на земјиштето во близина на Мавровското езеро ќе се објават по уплаќањето на постигнатата сума на лицитацијата, односно за време на склучувањето на купопродажниот договор. Инвеститорите имаат рок од девет месеци по потпишувањето на договорот за да прибават одобрение за градење, а објектите треба да се изградат во период од 72 месеци по добивањето на градежната дозвола.