Претходна статија
„Гранит“ со добивка од 302,7 милиони денари од работењето во 2018 година
Следна статија
„КЛ Студио“ в четврток со излагање на Архитектонскиот факултет

Годинава реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 и 4

Објавено на 18.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје го објави тендерот за избор на изведувач што ќе ги реализира градежните работи за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во населбите Карпош 3 и 4. Асфалтот на најзначајната скопска сообраќајница ќе се обнови на потегот од раскрсницата со булевар „8 – ми Септември“ до мостот Обединети нации, за што од градскиот буџет е предвидено да се одвојат околу 100 милиони денари.

 

 

Градежните работи на булеварот „Партизански одреди“ ќе се одвиваат фазно, со што ќе се оневозможи создавањето сообраќаен метеж. Тендерот за пријавување на заинтересираните изведувачи ќе биде отворен до 8 април, по што ќе се знае изведувачот на работите. За изведбата на реконструктивниот зафат се издвоени средства од овогодинешниот буџет на Град Скопје.

 

Реализацијата на овој проект доаѓа по многубројните алармирања на граѓаните од минатите години, кои предупредуваа на дупките на булеварот „Партизански одреди“. Веќе неколку децении наназад не е саниран коловозот, којшто е особено оштетен на автобуските стојалишта и на раскрсниците. Најновиот реконструктивен зафат на булеварот „Партизански одреди“ доаѓа по минатогодишната санација на оваа скопска сообраќајница во населбата Влае, како и долж населбите Карпош 1 и 2. 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk