Претходна статија
Напролет тендерите за изградба на конаците на манастирот Трескавец
Следна статија
Се докомплетира документацијата за автопатот Гостивар - Кичево

Годинава планирани опсежни зафати во патната мрежа

Објавено на 04.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Ако се изземе изградбата на трите автопати, Јавното претпријатие за државни патишта во 2015 година планира да работи на нови и рехабилитација на стари патишта во вкупна должина 184 километри. Финансиската тежина на овие инфраструктурни проекти изнесува 223 милиони евра. Меѓу најзначајните патни правци на кои ќе се работи годинава се магистралните патишта Градско – Прилеп, Битола – Ресен – Буково, Штип – Кочани и Кочани – Делчево. Во делот на магистралните и на регионалните патишта, предвидено е да се рехабилитираат делници во должина од 83 километри.

 

Веќе започнатите проекти ќе се довршуваат во текот на оваа година. Меѓу нив, најголемо значење има експресниот пат Велес – Кадрифаково и патот Новаци – Добрушево. Со сопствени финансиски средства на јавното претпријатие ќе се комплетира патот до Сончев град, Опаје – Белановце – Станчиќ и Арачиново – Липково – Оризари.

 

Кога станува збор за македонските автопати, во 2015 година ќе продолжи изведбата на трите автопати. За делницата Кичево – Охрид е планирано да се издвојат средства во висина од 70 милиони евра, за делницата Демир Капија – Смоквица се предвидени 38 милиони евра, додека за автопатот Миладиновци – Штип ќе се издвојат 50 милиони евра. Во текот на наредните месеци ќе започне рехабилитацијата на автопатски делници во должина од 37 километри, и тоа Велес – Катланово, Смоквица – Гевгелија и Куманово – Миладиновци.