Претходна статија
Најпопуларните објави во 2012
Следна статија
Промовирани последните двокатни автобуси

Годинава ќе се спроведува гасификација на Карпош

Објавено на 02.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Веќе од следната грејна сезона, дел од жителите на скопската општина Карпош ќе имаат можност да ги ползуваат благодетите на природниот гас, а целосна гасификација на општината треба да се спроведе во наредните две до три години. Со цел за поефикасна реализација на проектот, општинарите минатата година спроведоа анкета на 22.000 потенцијални корисници и приоритет во почетокот ќе се даде во реоните каде што интересот на граѓаните е најголем.

 

„Веќе имаме разговори со големи корисници, како што е комлексот технички факултети во Карпош кои и официјално побараа приклучок, а таквите потрошувачи ни се многу важни, затоа што каде ќе бидат големите потрошувачи, тие линии ќе бидат и за граѓаните достапни“, информираше во изјава за порталот „Фактор“ Љупчо Димов, раководител на секторот за енергетика во локалната самоуправа.

 

На територијата на Карпош се предвидени четири мерни станици за гас, врзани на прстенот на ГАМА, од кои потоа ќе се гради секундарната мрежа. Првата мерна станица ќе биде во близината на студентскиот дом „Гоце Делчев“, втората кај училиштето „Јан Амос Коменски“, третата на булеварот Илинден и четвртата ќе биде близу Момин Поток. Општината веќе почна да ги подготвува училиштата за користење на гасот за загревање. Покрај директната употреба во домаќинствата, институциите и индустриските објекти, Јавното претпријатие „Каргас“ исто така планира преку сопствени когенеративни постројки да добива електрична енергија и топла вода, при што електричната енергија ќе ја користи вон системот на ЕВН, за потребите на училиштата, градинките и другите објекти во надлежност на Општината.